Викендот што измина во Македонија се одржаа 2 велосипедски натпревари на кои ВК „Херој“ од Прилеп имаше одлично издание.
Во саботата се одржа планинската велосипедска трка ХСО Кучково – Скопје, во организација на Велосипедската федерација на Македонија и ВК „Оксижен“, која што се бодува и влегува во ранкинг системот на Федерацијата. На истата ВК „Херој“ се претстави со двајца свои членови, браќата Андреј и Стефан Маџоски, и тоа Андреј во сениори, додека Стефан во кадети при што освои и второ место.

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и ВК “Пелистер 15 Мај”, во неделата во Битола се одржа Државното ридско првенство, односно друмска трка која исто така се бодува и влегува во ранкинг системот на Федерација. ВК „Херој“ се претстави со 4 свои членови, во 4 различни категории и успеа да освои 4 медали. Стефан Маџоски освои трето место во кадети, Константин Костоски го освои првото место во јуниори, Андреј Маџоски освои трето место во У23, додека Влатко Лозаноски се пласира на првата позиција во мастерс категоријата.
Честитки за велосипедистите и ВК „Херој“ за одличното издание на двата натпревари!