
По 4-ти пат здружението на жени „Преродба“ од Прилеп го одржа својот годишен концерт во малата сала на Центарот за култура Марко Цепенков. Пејачката група на „Преродба“ постои веќе 19 години, а од минатата година се води и како посебно здружение КУД „Преродба – 24“.
Публиката имаше можност да се забавува со староградската музика на А капела пеењето на членките од „Преродба“. На овој годишен концерт беа присутни и гости од други културни уметнички друштва и хорови од Прилеп како и гости од другите градови.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ КОНЦЕРТ.