Денес не правиме само биланс на изминатите четири години, денес правиме отчет пред вас, граѓаните на Прилеп, кои бевте најголемата инспирација и најголемата причина за секоја моја одлука, за секој проект, за секоја реализирана инвестиција. Кога во 2021 година ја презедов функцијата градоначалник, Општина Прилеп имаше сериозни предизвици, долгови од речиси 5 милиони евра, инфраструктура запоставена со децении, нерешени проблеми кои ги мачеа граѓаните. Но, со јасна визија, со посветеност и со работа, покажавме дека може поинаку, истакна на денешниот отчет за сработеното во изминативе 4 години, градоначалниот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Денес, четири години подоцна, можам гордо да кажам: Прилеп e на вистинскиот пат, град кој чекори кон европска иднина:
- Како еден од првите проекти направивме Kомплетна реконструкција на пешачката улица „Борка Талески“ од Кочо Рацин до споменикот Пеце Атанасовски
- Во изминативе четири години ја реализиравме најобемната реконструкција на уличната и патната мрежа, инвестиравме 120 милиони денари и рехабилитиравме повеќе од 70 улици во градот и населените места
- Во населбата Рид изградивме потпорен ѕид и решивме долгогодишен проблем
- Изградивме нов кружен тек кај Центарот за култура „Марко Цепенков“
- Започнавме изградба на новиот кружен тек на мостот Табана (капитален проект од 2 милиони евра)
- Изградивме нова монтажна катна гаража во центарот
- Градиме нова улица „Победа“ и нов мост над градската река на истоимената улица „Победа“
- Одобрен проект и финансии за Реконструкција на улицата „Орде Чопела“ репрезентативен влез во Прилеп од страна на Македонски Брод
- Одобрен проект и финансии за Комплетна реконструкција на улицата „Трајко Николоски“ со четири коловозни ленти велосипедска патека и тротоари
- Одобрен проект и финансии за Две нови детски игралишта – зад Участакот и во Типската населба…
- Одобрен проект и финансии за Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов Ченто“ (пред хотел Скопје)
- Започната реконструкција на тротоари и велосипедски патеки на ул. „11 Октомври“, Реконструкција на тротоари на „Кеј 1ви мај“ и поставување на над 20 „лежечки полицајци“
- Доизградба на улици во индустриските зони Металец и спроти Жито Прилеп…
- Ново возило за пожари на отворен простор + опрема за поплави и земјотреси…
- Ново возило за транспорт на заловени кучиња и нова цистерна за ЈКП Комуналец…
- Инклузивно игралиште на Могилата на непобедените
- Реконструкција на игралиштето во дворот на ООУ „Добре Јованоски“
- Воведовме SCADA систем за 24-часовен мониторинг на водоводната мрежа
- Реконструиравме над 3.500 метри водоводни линии
- Изградивме водоснабдителен систем во Канатларци (20 милиони денари)
- Реконструкција на водоводната мрежа во Карабдалица
- Затворен атмосферски канал на ул. „Александар Македонски“…
- Изграден таложник на колекторскиот систем во Пречистителната станица
- Одобрени проекти и финансии за Лениште и Селце – нови водоснабдителни системи
- Одобрен проект и финансиски средства за Фотонапонска централа на Пречистителната станица – 50% заштеда на електрична енергија
- Реконструкција на Лековски извори – 1 милион евра инвестиција
- Нов водовод до манастир Трескавец
- Градиме фабрика за селекција на отпад (90 милиони денари)
- Одобрен проект и финансии за Поставување полуподземни контејнери на 20 локации
- Исчистени 20.000 м³ диви депонии и насадени 7.000 садници.
- Вложени над 70 милиони денари во образованието (реконструкции, сали, ИКТ опрема)
- Во завршна фаза е спортската сала во ООУ „Блаже Конески“ (23 милиони денари)
- Бесплатен здрав оброк за учениците од I-III одделение
- Нови училишни униформи за сите 6.000 ученици
- 20 студентски стипендии секоја година за студенти во прва година на Економски факултет
- Награди и стимул за најдобрите ученици и наставници
- Целосна изградба и пуштање во употреба на новата градинка „Бајка“ во Точила (2 милиони евра)
- Ново возило за транспорт на храна за градинките
- Бесплатен јавен превоз за пензионери со ниски примања
- Проект „Помош и нега во домот“ за над 150 семејства
- „Медицинска сестра во заедницата“ – прва ваква услуга во државата
- Нов Центар за дневен престој за стари лица во населба Рид
- Субвенции за велосипеди, инвертери и поддршка за ранливи категории
- Финансиска помош за секое новороденче (6.000 ден.)
- Поддршка за Домот „Киро Крстески – Платник“ (12 милиони денари)
- Поддршка на културни и спортски манифестации: „Војдан Чернодрински“, „Прочка“, „Пеце Атанасоски“, „Пиво фест“, „Св. Никола“, „На Василица во Прилеп“, ,,Че трчаме“…
- Поддршка на спортските клубови и реконструкција на спортски терени.ќ
- Од речиси 5 милиони евра долг → обврски во моментов само 200.000 евра (13 милиони денари)
- Во касата денес имаме 75 милиони денари на располагање!
Сето ова немаше да биде возможно без поддршката на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (преку чии што програми и јавни повици за 2 години со нашите поднесени проекти успеавме да добиеме 11 милиони евра инвестиции за Прилеп). Благодарност исто така на сите мои соработници, на општинската администрација, на мојот тим, на јавните претпријатија, на основните и средните училишта, на двајцата претседатели на Советот кои што ги имавме, на сите советници, на пратениците од Прилеп во Собранието на Република Македонија и на замениците министри од Прилеп. Но најголемата благодарност ја упатувам кон вас, почитувани мои сограѓани. Вие сте силата и мотивот за секој успех.
Денес, со гордост презентирам отчет на сработеното. Но ова не е крај, ова е темел за нови проекти, за нови победи, за нови успеси. Прилеп заслужува многу, а ние со уште поголем елан и решителност продолжуваме да го градиме неговиот напредок. Со моето срце, со мојата посветеност и со мојот интегритет, работев и ќе продолжам да работам за доброто на сите прилепчани“, додаде Јовчески.