ВИДЕО- Кржеска: Ќе бидам гласот на народот и ќе ги поттикнувам граѓаните да го пренесуваат секој го проблем кој го имаат


Со голема чест, но и одговорност денес можам да кажам дека ја започнуваме кампањата за локалните избори. Јас како носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп ќе се трудам да бидам гласот на народот и ќе ги поттикнувам граѓаните да пренесуваат за се она за што имаат проблеми во текот на нивното живеење за да може побрзо и полесно да се решат во Советот на Општина Прилеп, изјави Билјана Кржеска, носител на листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

„Како доктор мојата професија ме научи да бидам грижлива, да се грижам за секој еден човек, хумана и посветена на својата работа. Сите овие работи ќе продолжам да ги применувам во мојата работа во Советот на Општина Прилеп. Ние ветуваме да работиме чесно, искрено кон сите граѓани во општина Прилеп, ветуваме дека ќе работиме и да ги поттикнуваме нашите граѓани да се пријавуваат во просториите на Општина Прилеп за полесно решавање на нивните проблеми.

Веруваме во семејството, во трудољубивоста, почитувањето и љубовта кон нашиот град и нашата држава и сите тие работи нѐ поттикнуваат да работиме во Советот за подобри услови, за подобар живот во нашиот град.

Советничката листа и кандидатот за идниот градоначалник за Прилеп се вистинскиот избор на овие локални избори за подобри услови за живот во нашиот град. Ова не е само една политичка одлука, туку е завет за чесност, за искреност кон нашите граѓани и се обврзуваме дека ќе работиме праведно за секој еден човек во нашата општина.

Почитувани сограѓани, ве повикувам да нѐ поддржите затоа што ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата на овие избори е вистинскиот избор за нашиот град, за Прилеп каков што го сакаме“, додаде Кржеска.

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми