ВИДЕО- Николоски: Во Прилеп ќе имаме огромна победа, имаме кандидат за градоначалник и советничка листа кои се докажани прилепчани

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Еве сме на почетокот на кампањата за локалните избори, сакав да дојдам денес тука во Прилеп за заедно да ја стартуваме, да посакам фер кампања, достоинствена кампања, да можат граѓаните да ги слушнат и нашите пораки и пораките на нашите политички опоненти да споредат што е она што ние имаме да го понудиме и што е она што во следниот период го размислуваат нашите политички опоненти и да направат најдобар избор,изјави денеска во Прилеп, Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

„Ние апсолутно сме убедени во голема победа на овие локални избори, мислам дека тука во Прилеп ќе имаме огромна победа, затоа што имаме советничка листа и кандидат за градоначалник кои се докажани, луѓе од своите места, луѓе кои многу добро ги познаваат граѓаните и знаат многу добро кои се и знаат дека она што го имаат во програмата ќе го реализираат,

Ние во изминативе година и неколку месеци откако сме централна власт се обидовме максимално да помогнеме, дали се работи за големите инфраструктурни проекти, се заврши експресниот пат кој што оди од Градско преку Дреново до Фариш, нешто што со години беше запоставено и не се работеше и се пушти во функција. Исто така активно работиме на големиот автопат од Прилеп до Битола, а правиме планови и за многу брзо време ќе почнеме да работиме и од таму каде што сега завршува експресниот пат, а тоа е од Фариш, до онаму каде што ќе почнува автопатот, односно влезот во Прилеп, како Прилеп би бил целосно автопатски или со експресен пат поврзан и со главниот град и со коридорот 10, но исто така и со Битола и со коридорот 10Д и на тој начин би имал пристап на 2 големи патни правци, директно поврзување и со соседна Србија и со соседна Грција како можност за голем инфраструктурен развој и поддршка на бизнисот.

Секако тука се голем број на проекти од делот на инфраструктурата кои заедно со новиот градоначалник Дејан Проданоски ќе ги работиме. Тој беше доста активен во Собранието и работеше за општината и целиот овој регион и убеден сум дека како градоначалник ќе го реализира сето она што ќе го претстави во следниот период, а ќе нѐ има нас како голема поддршка, и мене како носител во 4 изборна единица и ресорен министерот, но исто така и премиерот Мицкоски кој голем фокус посветува и на Прилеп и на целиот овој регион“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми