ВИДЕО- Проданоски: Ќе се градат обиколниците „Исток“ и „Запад“ кои ќе ја променат иднината на Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Обновата е наш завет, наша мисија. Заедно можеме со чесност и одговорност да обезбедиме сигурна иднина за нашите сограѓани. Не верувајте во празни зборови, верувајте во дела! Ние ќе покажеме како чесно и одговорно се работи, бидејќи имаме сила и визија за нови промени, истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

„Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување, тоа се реални проекти за подобар живот на прилепчани. Еден од најголемите приоритети претставува изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“, современи сообраќајни решенија кои ќе ја променат иднината на Прилеп.

Обиколницата „Исток“, во должина од 1,6 километри и профил од 5,5 метри, ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон Вештачкото Езеро, преку Склештен мост сè до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето, а прилепчани ќе добијат почист воздух и мирен сообраќај низ централното градско подрачје.

Обиколницата „Запад“ е огромен капитален проект долга 4,5 километри, со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од „Мебел Венеција“, преку Варош и Мермер, па сè до Црн Бор. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост, овозможувајќи безбеден, брз и европски сообраќај за нашиот град.

Со реализација на овие два проекти ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот. Но уште поважно, ќе се создадат нови можности за економски развој. Бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот, што значи нови инвестиции и отворање работни места.

Сообраќајот е движечка сила на економијата а ние му даваме модерен и функционален облик. Растоварувањето на срцето на градот е вистинскиот избор за современ, европски и успешен Прилеп.

Нашата визија и цел се јасни: со посветеност, чесност и трудољубивост продолжуваме по патот на развојот. Прилеп го заслужува тоа! Направете го вистинскиот избор за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми