Вечерва ја претставуваме програмата на СДСМ и коалицијата за овие локални избори за Прилеп. Нашата програма е заснована на 4 столба, тоа се силни и јаки столбови во кои главно место има граѓанинот. Изминатиот период нашиот град стагнираше, беше нечист, неуреден, дивоградби, кучиња скитници, слаба инфраструктура, затоа нашата визија е чист град кој што живее со силна инфраструктура, со силна економија, со култура и спорт кој обединува, училишта кои ќе бидат современи и градинки полни со деца, истакна Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

„За таа цел нашите 4 столба кои ги ставивме во програмата се функционален и безбеден јавен простор во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, кучињата скитници. Вториот столб ни е чиста и здрава животна средина со засадување на многу садници, средување на депониите во околината, хигиената на градот исто така треба да ни биде средена, а ќе бидат поставени и фотоволтаици на објектите во сопственост на Општината. Општина по мерка на граѓаните во кој што столб Општината ќе функционира отворено и транспарентно, без барикади, каде граѓаните ќе можат да ги добиваат сите потребни информации кои ги им требаат. Фондови за поддршка за млади, поддршка за земјоделки, поддршка за самохрани родители. Во четвртиот столб, младите во фокусот, да има младински културен центар, да имаат функционален младински сојуз со буџет кој ќе функционира за младите кој досега го немавме, да има стартапи за претприемачи и едукација на млади за да можеме младите да ги задржиме тука.
Покрај овие 4 столба кои ги имаме во програмата, ние се задржуваме и на инфраструктурни објекти кои и тоа како ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во Прилеп, младите ќе сакаат да останат тука и да го градат својот дом.
Еден од основните и главни капитални проекти е паркинг простори над градската река кој ќе има капацитет од 100 возила.
Вториот капитален проект ни е Топташ Скајлајн, што ќе биде со површина од 1 милиони метри квадратни, каде ќе има вело патеки, мото крос патеки, простор каде семејствата ќе можат да се рекреираат, да се забавуваат.
Третиот е младински културен центар каде младите ќе можат да ги остваруваат своите цели, каде ќе можат да се дружат, каде ќе има нивна преквалификација ако е потребно итн. друг проект ни е обнова на планинарскиот дом „Дервен“, каде планинарите како во старите добри времиња ќе можат да ги одржуваат оние планинарски тури, каде ќе има пешачење, а ќе има и параглајдинг полетиште.
Уредување на градската река и Дабничкиот канал, каде ќе се поплочи речното корито, да имаме клупи, велосипедски патеки покрај кејот на Дабничка река. Имаме 3 нови велосипедски патеки кои ќе ги поврзат постоечките велосипедски патеки во центарот на градот. Имаме проект за одржлива енергија со поставување на фотоволтаици на објектите во надлежност на Општината.
Пристојни гробишта затоа што таму немаме паркинг простор, немаме уредени патеки, патот околу гробиштата е исто така макадам и не е среден. Имаме и други проекти по барање на граѓаните, со разговори со нив, нивни предлози, нивни идеи, имаме проекти за секоја урбана заедница и за секое населено место“, додаде Лукароска.