Инфо Компас продолжува со серијата на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Жарко Бошкоски кандидат за градоначалник, поддржан од коалицијата ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ, од Либерално демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.
Еве дел од неговите, ставови, ветувања и програма која тој ја претстави во емисијата:
- Воспоставување на службеник со вештачка интелигенција во Општина Прилеп
- За одлука за сите тендери, конкурси, или за прашања од технички карактер, ќе биде советуван да одлучува дигиталниот агент, нема да одлучувам за јас
- Човекот пак ќе носи одлуките, Советот на општината, но за се ќе биде советуван тој дигитален агент
- За вработување во Општината или јавните претпријатија нема повеќе да одлучува партиската книшка туку CV-то ќе го разгледува и по него ќе одучува вештачкиот службеник
- Системот за издавање на градежни дозволи, колку, каде и како може да се гради по закон ќе одлучува исто така вештачка интелигенција
- Граѓаните ќе може да праќаат и фотографии од дупки по улици или други проблеми и тој дигитален службеник ќе одговори веднаш како и кога ќе биде решен тој проблем
- Вештачката интелигенција 24/7 ќе биде достапна на граѓаните за сите прашања поврзани со општината
- Дигиталниот агент ќе кажува постојано како, каде и колку се трошат народните пари
- Јавна акција за чистење на валканите градски површини
- Поставување на 10 мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот
- До крајот на мојот мандат сакам Прилеп да добие 5.000 нови жители, тоа нема да бидат странци од Азија, туку наши млади прилепчани кои поради добрите услови за живот и чистата еколошка средина ќе се вратат тука, а секако тука се и постарите жители кои би сакале пензионерските денови да ги поминуваат во својот роден крај
- Ќе се испратат луѓе во странство да научат како да се справат со шумските пожари и истите потоа ќе бидат вработени како едно такво посебно одделение од страна на општината
- Субвенции за сите граѓани кои сакаат да ископаат бунари во своите дворови, со што ќе се заштедат пари од нивните буџети за плаќање на високи сметки за вода, а со тоа и ќе се заштеди водата од Студенчица
- Фестивал на мермерот, вајари од цел да доаѓаат тука и да прават мермерни скулптури
- Градење на затворен базен во едно од училиштата, кое има најдобри услови за тоа, каде бесплатно ќе се пливаат сите ученици
- Изградба на повеќе кошарски игралишта во Прилеп и ново фудбалско игралиште со вештачка трева во населбата Точила
- Општината ќе ги плаќа трошоците за возачки дозволи за сите оние кои ќе наполнат 18 години
- Субввенции за сите граѓани кои сакааат да ги променат азбестните кровови