„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ – концерт на ансамблот „Танец“ во Цепенков

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 9 октомври 2025, четврток од 19.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концертот „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ на Ансамблот „Танец“  кој 76 години  е македонски код.

Веќе цели седум и пол децении, Ансамблот „Танец“ пулсира во ритам со  македонскиот фолклор. Тој е амблем на нашата традиција, чувар на културната меморија, жив симбол на народната душа, нашиот амбасадор без зборови, кој со танц, песна и носија ја раскажува македонската приказна пред очите на светот.

Во своите чекори, „Танец“ го носи ехото на вековите. Неговите уникатни носии не се само облека – тие се живи документи, везени со историја, емоција и идентитет. Секој конец е сведоштво, секој дезен – порака. Наследство кое, како што се везе шема на платно, така се везе и во колективната потсвест на секој Македонец.

Основан во мај 1949 година со указ од тогашната влада, ансамблот беше создаден од потребата – длабока, исконска потреба – да се зачува она што сме.. Со децении „Танец“ расте, се развива, гради репертоар што станува златна антологија на македонското народно творештво: од длабокото и моќно „Тешкото“, до разиграното „Чифте Чамче“, од комитското јунаштво до нежноста на „Невестинското“.

„Танец“ не е само национална гордост – тој е мост меѓу генерации, меѓу татковината и македонската емиграција ширум светот. Преку својата културна мисија, ансамблот го чува пламенот на традицијата, дури и таму каде што таа е далечен спомен.

И затоа, во оваа свечена година, со полни срца велиме: „Танец“ – 76години македонски код.

Почитувана публико, ве покануваме да бидете дел од оваа свеченост, да патуваме заедно низ звуците, боите и движењата на едно наследство кое не згаснува – туку вечно свети.

Влезниците за концертот се во продажба на билетарницата од Центарот секој работен ден од 10 до 13.00 ч. и во сабота од 11 до 14.00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми