ВИДЕО- Пчеларите бараат повисоки субвенции, сузбивање на нелојалната конкуренција и поголема промоција на пчелните производи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Пчеларите бараат зголемување на субвенциите кои сега се само 600 денари по пчелно семејство. Велат дека оваа цена е уште откако се воспоставени субвециите за нив, а се друго е поскапено. Токму поради малата помош од држвата, раселувањето на населението и елементарните непогоди бројот на пчелари во прилепско е преполовен за разлика од минатото. Пчеларите велат без субвенциите нема ниту да опстанат.

Се помал е интересот кај младите, нас целта на Здружението ни е токму тоа, да се зголеми бројот на помлади пчелари. Причината е тоа што за да се почни со пчеларство почетокот е малку тежок, како и со секоја друга работа, а младите очекуваат веднаш првите 2-3 години да имаат приходи. Но не е секогаш така, за да се дојди до добри приходи треба да поминат 4-5 години“, рече Дејан Бошкоски, претседател на плеларското здружение „Братство’“ од Прилеп.

Проблем била и нелојалната конкуренција која во маркетите се претставува како мед. Тој производ се познавал и по цената која била 400 денари, а само производствената цена за една тегла вистински мед била 400 денари.

Тоа е гликоза увезена којзнае од каде, од Молдавија, од Аргентина, со вештачки добиена храна од пченка, кои се генетски модифицирани и кај нас неконтролирано влегуваат во маркетите“, додаде Бошкоски

Но сепак доколку се посветиш пчеларството може да биде и профиталбилна професија, и да се живее само од него.

Живеам од пчеларство, не работам никаде, семејството го гледам од одгледување на пчели, немам работено никаде. Моментално чувам околу 240 пчелни семејства, а произведувам производи од восок, мед, полен, прополис, матичен млеч и ги пласирам претежно на нашиот пазар, македонскиот пазар“, изјави Тони Јовески, пчелар.

 

Им препорачуваме кој сака да проба, да започне ние сме тука, средната генерација и постарите, Здружението е тука, значи баш тоа е и целта на здружението да се промовира пчеларството“, вели Љупчо Ѓорѓиоски, пчелар.

Инаку во Прилеп по 16-ти пат се одржа Саемот на медот чија цел е да го доближи медот и пчелните производи до граѓаните и промена на нивните навики повеќе да конзумираат од овие здрави производи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми