
Денес зборуваме за најважната инвестиција што можеме да ја направиме, тоа е инвестицијата во младите и во образованието. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто стојат зад заложбата дека иднината на нашата општина започнува токму во училиштата, во спортските сали, во училниците, онаму каде што растат и се формираат нашите деца, истакна на денешната прес конференција Билјана Петкоска, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.
Во наредниот период, како одговорна локална власт, ќе вложуваме во конкретни, видливи и суштински проекти во сферата на образованието:
-Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп.
-Реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Прилеп.
-Реконструкција на скалите и ходниците во ООУ „Рампо Левката“.
-Реконструкција на Студентскиот дом „Орде Чопела“ – Прилеп.
-Изградба на нови спортски сали: во ООУ „Кочо Рацин“ и во едно од населените места.
-Адаптација на дел од училиштата за воведување едносменска настава.
-Набавка на нови музички инструменти и доопремување на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.
-Опремување на кабинет за туризам и угостителство во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
-Промена на кровот над лабораториите во СОУ „Орде Чопела“.
-Изградба и обнова на повеќенаменски спортски игралишта во основните и средните училишта.
Но, не застануваме тука. Ќе ја продолжиме поддршката за учениците и наставниците, со еднократни парични награди за талентирани ученици, награди и стимул за најдобрите наставници, како и поддршка за најуспешните студенти од нашата општина.
Ќе се вложува и во инфраструктурен развој и дигитална трансформација на училиштата:
-Оградување и уредување на училишните дворови
-Хортикултурно уредување и зелени површини,
-Инсталирање на фотоволтаични панели за енергетска ефикасност,
-Опремување на училници и кабинети со современа дигитална опрема и нагледни средства,
-Подобрување и реконструкција на спортските сали со нови реквизити.
Овие проекти се инвестиција во иднината, во секое дете, во секој ученик, во секој млад човек во Прилеп. Затоа што кога инвестираме во образованието, инвестираме во развој, напредок и подобар живот за сите нас.
Со оваа програма, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека знае како, има план и има визија да создаде подобри услови за образование, спорт и младински развој во нашата општина.
Затоа, на овие избори, изберете докажани луѓе, со дела, не со празни зборови. Изберете визија, а не импровизација. Изберете развој, иднина и сигурност“, додаде Петкоска.