ВИДЕО- Потребна е поголема институционална поддршка за жртвите од семејно насилство кое се зголемува

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Се зголемува бројот на жртви од семејно насилство во Прилеп. Според податоците од Центарот за социјална работа само до 10 месец годинбава има пријавено 86 жртви, додека лани во цела 2024 година имаме 88 пријави. Според НВО секторот кој се занимава со оваа проблематика оваа бројка е повеќе пати поголема поради тоа што се пријавувало само физичкото насилство.

Она што нашето искуство го покажува е дека се пријавува само физичкото насилство, а другите форми на насилство, како психичкото, економското во семејните односи не се пријавуваат, но тоа секогаш е присутно“, вели Весна Шапкоски, извршен директор на СТАНИЦА П.Е.Т.

Според психолозите жртвите многу често одбираат да не пријават насилство, немата соодветна заштита од држвата и страв од тоа што понатаму ако останат сами.

Најчесто не пријавуваат, туку доаѓаат на психолопко советување, каде сакаат да се охрабрат и да најдат начини како да живеат во таа заедница понатаму. Многу е тешко да пријавата и многу е тешко да излезат од таа заедница. Пак ќе речам без неопходна поддршка од институциите и блиските“, додаде Ана Алексоска, психолог.

И психолозите и експертите сметаат дека потребна е далеку поголема заштита на жртвите од страна на државните институции, нивно едукација и добивање на економска самостојност за да не ги пречутуваат тортурите кои секојдневно се извршуваат врз нив.

Не е само пријавувањето на семејното насилство како пријавување туку и што понатаму таа жена ќе прави, каде ќе оди, како ќе го продолжи животот, како ќе ја напушти таа заедница каде што живее со насилен партнер, системот мора да обезбедува една целокупна поддршка, пред се психолошко советување на таа жена, но понатаму и економско интегрирање на пазарот на труд“, истакна Весна Шапкоски, извршен директор на СТАНИЦА П.Е.Т.

 

Најчесто кај жените е нарушена самодовербата, има голема несигурност, не знаат каде да се обратат, што понатаму би правеле во животот со децата, дали би ја напуштиле таа заедница и како би изгледало после тоа откако ќе ја напуштат таа заедница. Дали се економско зависни или независни“, рече Ана Алексоска, психолог.

Како најчести причини за вршење на семејното насилство пред се е нетрпеливоста и нетолеранција меѓу брачните другари, алкохолизам, дрога и здравствени проблеми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми