По повод 81 годишнината од ослободувањето на Прилеп за празникот 3 Ноември во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа свечена седница на Советот на Општина Прилеп на која беа доделени годинешните награди „3 Ноември“ на заслужни прилепчани.
„3 Ноември е денот кога нашиот град Прилеп, градот Првоборец ја издвојува својата најсветла победа. На овој ден 81 година по повеќе дневни и исцрпувачки борби на секое место, на секоја улица и секој рид околу градот, борците на 41-та и 42-та дивизија на Народноослободителната војска го донесоа аберот на победат и слободата“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
Годинава Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ се додели на Рубенс Корубин, основоположникот на нео-романтизмот во светски рамки и постхумно на Јове Магдески за особен придонес за фудбалот во Прилеп.
„Она што се однесува во моето движење е тоа дека човек од самиот себеси не може да избега. Обично во сликарството ние се препознаваме во ритамот, правецот, односите на боите, палетата, тука не може да избегате никаде. Тематиката како јас ја работам ја откривам во процесот на работа. Не е нешто што ќе си даде задача и сака да ја работи однапред. Јас во процесот на работа го создавам делото, тогаш ја изнаоѓам и содржината и формата, тоа е некако наизменично оди и го прави мојот ден или година вобудлив и за мене има неочекувани резултати“, истакна Рубенс Корубин, уметник.
„Мојата кариера започна со избирањето во школските денови, во тој временски период имаше препораки од професорите по физичко воспитување кои одбираа таленти. Тогаш работеше и Кирил Анески, тренер во Победа и мој прв учител. Не собра по завршувањето осмо одделение на 14 години. Во 1968/1969 година Победа направи една многу добра екипа и каде беше многу тешко да се влези. Во една сезона се повреди Кирил Мирчески тој беше леф халф и во тоа време тренер беше Шијаковиќ. По незнам кој пат настојваше да ме внеси во екипата и пред 5 минути пред да се излези на загревање рече дека на неговото место ќе заиграм јас. Тоа беше едно дебитирање со работнички, резултатот беше 2:0, а еден од головите го постигнав јас. Од тогаш до завршување на кариерата осмицата беше моја“, рече во едно постаро интервју сега починатиот Јове Магдески.
Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ доби припската компанија МИКРОСАМ за 35 години постоење.
„Фирмата е основана во времето на Анте Марковиќ, во Југославија, и тогаш се донесе да се основата првите привтани фирми и тоа беше нешто непознато тогаш и ние сите како млади тогаш сакавме нешто да почниме, и не знаевме пред се во што се впуштавме. Ние го донесовме првиот компјутер во Македонија, првите печатачи и факсови. Потоа почнавме да произведуваме мали склопови, електрично броило и го пријавивме во ЕВН, потоа се започна со машини за обработка на дрво, мермер, стакло и други и сето тоа придонесе за едно поголемо производство и почнува еден процес на нешто поголемо и пософистицирано“, велат од Микросам.
Плакета по повод „3-ти Ноември“ доби и Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп – 75 години постоење
„На ова место каде што стојам и каде се наоѓаме поминале 2 милиони луѓе, 350 премиери, над 100 награди во Македонија и светот. Домаќини сме на МТФ „Војдан Чернодрински“. Ова тука е претстава која трае 75 години, 75 години на светлина на збор, на емоција, 75 години Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп. Сите овие години ние како театри и како ансамбл сме имале свои успеси и падови, аплаузи кои траеле неколку минути, како и тишина која трае со месеци. Шекспир рекол дека театарот е една голема сцена, а сите луѓе на неа се актери“; вели Михајло Миленкоски, раководител на Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп.
НВО „Hand Till Hand“ од Кралство Шведска исто така доби плакета за хуман и општествен ангажман во здравствената заштита.
„Јас потекнувам од Прилеп и со топла душа и срце сакав да донираме и да помогнеме во Прилеп и затоа ние се заангажиравме и имаме донирано доста апарати за болницата, кревети, помагала и во соработка со раководството со болницата сме се потрудиле да го набавиме тоа што е потребно за нив“, рече Марија Росенгрен од НВО „Ханд тил ханд“ од Шведска
„И јас сум еден од иницијаторите што му помага на невладината организација „Hand Till Hand“ од Шведска за реализација на сите донации кои се носат во Прилеп“ кажа Павле Јанески, шпедиција ВАП 97.
Плакета за празникот „3 Ноември“, доби и Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – млади ентузијасти со вреднување на солидарност и хуманост.
„Интеракт е клуб во кој средношколците се обединуваат, соработуваат и преку актиности докажуваат дека и младите може да бидат хумани и одговорни и отворени без предрасуди. Главни мотиви ни се дружбата и меѓусебното разбирање преку кои се повбрзуваме со учениците од другите средни училишта. Нашиот клуб се води од принципи кои ни помагаат да создадеме позитивна и активна заедница во секојдневниот живот. Секогаш се стремиме да направиме мала, но решителна разлика во секојдневниот живот. Во нашиот клуб се обединувата 50-тина средношколци со интереси и таленти. Интеракт претставува предизвик, но пред се тој шири љубов и верба во подобро утре. Учеството во интеракт им помага на младите да ги развојат своите вредносни основи и да станат успешни граѓани. Чувствувам гордост и сигурност дека идната е светла“, велат членовите на Интеракт клубот.
Здружение на граѓани ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС – јубилејно постоење од 10 години се најде исто така годинава помеѓу наградените.
„Низ овие години поминале повеќе од 700 млади кои ја искусиле магијата на извидништвото. Сме имале кампови, повеќе дневни акции, хуманитарни акции, обуки за животни вештини, нашата цел е како младите во Прилеп да станат поактивни и повешти индивидуи и како да бидат вклучени во општеството и заедницата. Да придонесуваат хуманитарно и еколошки. Како добар извидник треба да си добар човек и љубител на природата, најважното е да си добар пријател, да ги почитуваш другите и да помогаш на секој на кого може да му помогнеш“, велат од ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС.
Се доделија и Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември“. Меѓу наградените е и Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството.
„Новинарството како професија е тесно поврзано со заедницата во конкретниов случај со градот Прилеп и секојдневно живеење, новинарството е и чест и обврска за оние за кои се пишува, се говори, се снима и сетоа тоа да биде точно и навремено. Новинар сум повеќе од 30 години, сакам да верувам дека новинарите се тука да се корегираат неубавите работи за градот, да се поттикнат добрите и да се оствари напредокот. Сме работеле на многу теми, во секави околности, без разлика на временски прилики и ситуации и така ќе биде до крај на работниот век“, истакна Елизабета Митреска, новинар.
Награда – дипломa доби и Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
„Во сите градови имаме знаменитости, спомен плочи на паднатите борци, како од ДАГ, така и понатаму од сите делови на Македонија. Се препознаваме по тоа што сакаме да ја зачуваме македонската историја и да не заборавиме дека сме Македонци без разлика од каде сме, дали Пиринска, Егејска, Вардарска, или западна Македонија, делот во Албанија“, рече Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Д-р Биљана Консулоска Гвероска, автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството исто така годинава ја доби третоемвриската награда – диплома.
„Тоа исто времено значи 30 годишна научно истражувачка работа на болестите на тутунот, предизвикани од разни видови на причинители, заштитата на растенијата, а во овој случај тутунот. Мојата истражувачка работа е посветена на современите методи на заштита на растенијата на правилна употреба и намалена употреба на хемиски средства за заштита, а истовремено вклучување на безбедни еколошки средства“, вели д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
Помеѓу наградените се најде и Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард.
„За мене билјардот претставува задоволство пасија, запознавање на нови луѓе, нови моменти, нови пријателства, патување во нови земјии претставување на сопствената држава во најдобро светло. Билјардот е специфична е психолошка игра каде што се развиваат моториката и имот истовремено. Инаку сум прв Македонец кој освоил европски медал на некакво натпреварување. Имам учествувавно на секој континент во светот, уште Африка ја немам посетено, тоа ми е желба“, рече Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард
Годинава мотото на празникот е „Минато со гордост, иднина со визија“.