Лишени од слобода возач од Прилеп и Битола, под дејство на алкохол возеле со 100 км на час повеќе од дозволеното

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 05.11.2025  во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми