Загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп се од кавадаречко Дреново

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „КИА“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О. (31) од с. Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П. (35) од с.Дреново, кавадаречко.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П. (56) од с. Дреново, кавадаречко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко,  како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П. (28), Т.П. (53) и С.П. (31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во  Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми