35 годишниот Ѓ.П. и 56 годишниот Б.П. од кавадаречкото село Дреново се двете жртви во сообраќајната несреќа која вчера околу 16.40 минути се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп кај прилепското село Радобил, пред приклучувањето на експресниот пат за Велес. Во несреќата учествувале патничко возило „КИА“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од O.O. 31 годиeшeн жител на радовишкото село Тополница и патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од сега починатиот Ѓ. П., каде сопатник му бил второ починатиот.
„Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство во Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди освен возачот на патничкото возило „КИА“ се здобиле и четворицата вата негови сопатници, еден од селото Тополница, а тројца од селото Дреново. Двајца од тие повредени татко и син биле префрлени во општата болница Прилеп, каде поради тешките повреди се препратени на КАРИЛ во Скопје. Другите тројца повредени се хоспитализирани во кавадаречката болница и се наоѓаат во стабилна состојба.
Од ТППЕ Прилеп велат дека учествувале со 5 пожарникари и едно возило во акцијата на вадење на телата на починатите и повредените од возилата. А на помош дошле и припадници на ТППЕ Кавадраци.
„Од наша страна употребена е соодветна опрема, батериски ножици за настап на сообраќајна несреќа. Секачи, клипови итн… Се работеше за 2 починати лица, на жалост од наша страна така беа затекнати, немаше време да се сработи за бидат спасени. Повредените безбедно се извадени од наша страна, на носила се сместени во Итната помош. Се работеше за доста тешок случај“, изјави Горан Чурлиноски, командир на одделение во ТППЕ Прилеп.
Познатиот македонски лекар Д-р Ненад Лазаров кој случајно се нашол на местото и бил очевидец на ужасниот настан на својот ФБ профил апелираше да се внимава како се вози.
„Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено до сега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите 4ца сите млади да ги преживеат повредите“, напиша Лазаров.
Од Јавното обвинителство велат дека се уште го испитуваат случајот и дека со нови детали ќе излезат во текот на денов.