ВИДЕО- ООУ „Добре Јованоски“ доби нова мала сала за физичко образование, современ кабинет за ликовна уметност, работилница и магацински простории

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп со инвестиции во висина од 3 милиони и 244 илјади денари доби современ кабинет за ликовна уметност, магацински простории, простории за хаус мајсторот и нова мала сала за физичко образование во помошното училиште, односно центарот за воена обука „Лазо Филипоски – Лавски“.

„Изминатиот период го искористивме рационално, посебно летниот период. Во задниот двор на ООУ „Добре Јованоски“ имаше еден распаднат објект, некаде околу 120 метри квадратни и веќе немаше никаква намена, буквално беше потпиран за да може да стои да не се сруши. Локалната самоуправа обезбеди средства оваа година да го реновираме, скоро од темел беше реновиран, ѕидовите, фасадата, нова дограма, нова кровна конструкција, инвертер клими, се поплочи со плочки и се направија неколку наменски простории кои одамна му требаа на нашето училиште, како една просторија која е работилница за хаус мајсторот, потоа направивме 3 помали магацини каде може да се складираат работите кои во моментот не ги користиме, а може да се пофалиме и дека според правилникот на МОН за прв пат направивме и магацин за правилно чување и складирање на учебниците онака како што бара МОН од нас. Како најинтересно за нашите ученици секако е и кабинетот по ликовно образование и конечно колешката Маја Најдоска може да има достојно катче каде може да ја покажува својата креативност со учениците. На големо изненадување, учениците сега сакаат секој ден да имаат ликовно образование, па и секој час. Имаме еден интерес ѕид направен како табла што може да се бриши во црна боја и учениците тука можат да ја покажуваат својата креативност секојдневно. Обезбедивме и смарт табла, инвертер клима и мислам дека сега имаме среќни ученици и нормално задоволен наставник кој може да работи и да ја покажува својата креативност. Сумата која беше вложена од страна на Општина Прилеп е 2.5 милиони денари за овој објект.

Освен објектот кој го гледате позади нас, измитиов период се изврши реконструкција и на помошното училиште, односно центарот за воена обука „Лазо Филипоски – Лавски“ каде нашето училиште има истурени паралелки од 4 одделение, односно 6 паралелки. Училиштето беше комплетно варосани, премачкано со мрсна боја, имаше промена на електричната инсталација, поставени се роло завеси во училиштето и конечно нешто за што сме најсреќни, а верувам дека и нашите ученици, после 30 години во тоа училиште наставата по физичко образование ќе може да се одвива достоинствено, како што му доликува на едно училиште каде растат нашите деца, односно имаме и нова спортска сала наместена со татами, наменета специјално за учениците од 4 одделение во тоа училиште. Износот кој Општина Прилеп го издвои за тоа училиште е 744.000 денари“, изјави Панде Магдеска Николоска, директорка на ООУ „Добре Јованоски“.

 

„Повторно морам да спомнам дека сум горд на прилепските училишта кои се во ваква форма, во ваква кондиција и навистина Општина Прилеп долг рок инвестира сериозно во училиштата во Прилеп и сметам дека општина Прилеп ги има едни од најдобрите објекти на ниво на цела република, не е ова нескромно, но сметам дека внатрешното, надворешното, партерното уредување навистина ги заслужуваат сите почести, затоа што нашите деца имаат современи услови за работа. Ако направиме една ретроспектива, пред година и пол бевме на ова место и отворавме спортско игралиште и го гледавме објектов во каква кондиција е и сега ова е навистина нова слика, нов објект на некој начин, реконструиран, со овозможени просторни услови за одржување на настава како што кажа директорката по ликовно образование, овозможени просторни услови за чување на учебниците од повеќе генерации, сериозното чување на хартијата значи и продолжување на рокот на користење, и просторни услови за оној кој е најзаслужен за функцијата на училиштето, а тоа е училишниот мајстор, се запознавме и со него и му честитам на работата и му честитам вселување во новите простории и уште поуспешна работа. Кажа и директорката, нема да запре Општина Прилеп со понатамошно инвестирање во образовните објекти, односно во училиштата, во основните и средните се прават максимални напори тие буџети секоја година да се зголемуваат за нашите деца ги уживаат сите современи просторни, научно-наставни средства кои им се потребни за изведување на наставата без прекин и тоа и се случува моментално во општина Прилеп. Уште еднаш кажувам дека сум горд што сум градоначалник на општина Прилеп, која сериозно во изминатиот период, без разлика која гарнитура да била на власт, инвестирала во основното и средното образование“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми