Неонатолошкото одделение во Општа болница во Прилеп е местото што нè поврзува со најубавите моменти и најпозитивните случувања – местото каде што секој мал живот започнува своја голема приказна. За таа цел на 17 ноември од 09:00 до 13:30 часот ќе се одржи настанот „Ден на прерано родени деца“
„Настанот ќе се одржи во ходникот на болницата, каде што заедно ќе споделиме љубов, поддршка и благодарност кон најмалите борци и нивните семејства. И оваа година, со голема радост, успеавме да собереме ваучери и производи кои ќе се доделуваат во замена за донaции. Ве покануваме сите кои сте во можност да ни се придружите – дојдете во што поголем број, да создадеме уште еден ден исполнет со хуманост, насмевки и надеж. Најмалите херои заслужуваат голема поддршка – а ние можеме да бидеме дел од нивната приказна. Сите компании, организации и поединци кои сакаат да се вклучат со ваучери, производи или донации, слободно може да ме контактираат. Вашата поддршка значи многу!“, изјави Данче Оклеска, организатор на настанот.