Формирани комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На втората седница на Советот на Општина Прилеп, во новиот состав, советниците со мнозинство гласови го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп, Катерина Пузеска.

Потоа, беа усвоени и предлог-решенијата за формирање на комисиите потребни за функционирањето на Советот на Општина Прилеп.

Советниците со мнозинство гласови ги усвоија предлог-решенијата за формирање на следниве комисии:

  • Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници
  • Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
  • Комисија за општествени дејности и правата на децата
  • Комисија за статут и прописи
  • Комисија за елементарни непогоди
  • Комисија за месна самоуправа
  • Комисија за родова еднаквост
  • Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатниот период 2025–2029 година

Исто така, Советот ја задолжи Комисијата за статут и прописи да изготви пречистен текст на Статутот на Општина Прилеп и именува членови на Советот кои ќе учествуваат при склучување на бракови во УВМК-ПК Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира