Отворена изложбата „A” од уметницата Олгица Антовска во Цепенков

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК”Марко Цепенков “во Прилеп, беше отворена изложбата „A” од уметницата Олгица Антовска, која се претстави со дванаесет дела изработени во комбинирана техника, со специфични димензии и форми.

„Делата се структурирани во четири поврзани циклуси, кои претставуваат своевидно движење патување на водата, интегрирана како жив субјект. Со оваа вибрирачка приказна за водата, во сите нејзини облици, сакав да воспоставам активна комуникација со гледачот и да поттикнам можни дијалози“, вели авторката Антовска.

Изложбата ја отвори сликарот м-р Тони Чатлески, кој посочи дека со циклусот, авторката нè внесува во едно лирско патување каде водата не е само мотив, туку живо суштество, органска меморија, емоционален простор.

„Секоја слика претставува различна состојба на водата: тишината на замрзнатите кристали, вибрациите на невидливите струи, моќта на брановите, како и нежноста на една единствена капка живот. Овие дела не се само визуелно доживување — тие се емотивни огледала кои ја рефлектираат нашата свест за природата, нашата одговорност кон околината и потребата за дијалог со светот што нè опкружува…. Делата нè повикуваат да застанеме, да се вгледаме, да размислиме — за водата како извор на живот, но и како огледало на нашата колективна свест. Со најновите дела на Антовска ќе запловиме во овој визуелен океан, ќе го почувствуваме неговиот ритам и самите ќе проговорат“, рече Чатлески, на отворањето на изложбата, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира