Отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ во Ликовната галерија во Цепенков

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Денес во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е  дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска, која посочи дека делата од Мирослав Живковиќ пренесуваат топлина, сонце и енергија која грее и предизвикува емоции.

„Во делата на Живковиќ се присутни многу емоции, боја, фрагменти. Преку апстрактивните елементи ја слика и доживува природата суштински, создавајќи творби кои се една целосна возуелна целина“, рече Мицевска.

Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира