На 20-ти декември во 18 часот Крушево ќе го започне одбележувањето на Новогодишните и Божиќните празници. Здружението Културен Манифест, со поддршка на Општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании го организираат т.н. „Празничен шепот на крушевската чаршија“.
Настанот започнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Забавата ќе ја „покрие“ „Балкан Џем“.
Она што е уникатно за овој настан е тоа што иницијативата доаѓа од поединци и неформална група на граѓани со цел да се збогати понудата на Крушево за овој период од годината. Организаторите досега успеаа да привлечат голема поддршка од многу бизниси, Општината, институции…
Настанот ќе содржи богата програма и ќе трае се до 6-ти Јануари.