Малолетник и 53 годишна жена повредени во 2 различни сообраќајни несреќи на иста улица

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Во 13:30 часот истиот ден во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп.

При двата настани извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци