Двајца прилепчани фатени како возат под дејство на алкохол

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 24.12.2025 во 13:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(39) од Прилеп. При сообраќајна контрола на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

На 25.12.2025 во 01:40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.П.(40) од с.Веселчани, прилепско. При сообраќајна контрола на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци