ЏК „СЕИШИН“ – Прилеп еден од најуспешните спортски клубови во Македонија за 2025 – освоени 187 медали на 28 натпревари

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп ја заокружи натпреварувачката 2025 година како една од најуспешните спортски организации во државата, со забележителни резултати на домашно и меѓународно ниво, силно организациско учество и значаен придонес во развојот на џудо спортот.

Во текот на годината членовите на  клубот зедоа учество на вкупно 28 официјални натпревари, од кои:

  • 6 Државни првенства
  • 16 Меѓународни турнири
  • 6 Балкански првенства
  • 1 Европско првенство
  • 3 Европски купови

Од овие настапи беа освоени вкупно 187 медали, и тоа:

  • 58 златни
  • 43 сребрени
  • 86 бронзени медали

Покрај медалите, клубот освои и 3 пехари, меѓу кои и пехар за освоено 2. место во севкупен генерален пласман на ниво на Македонија за 2025 година, што претставува најзначаен клупски успех во изминатата година.

Претставници на клубот настапуваа и како дел од државната репрезентација на Балкански и Европски првенства, каде беа остварени пласмани меѓу најдобрите, вклучително и екипни медали и високи индивидуални позиции, што дополнително ја потврдува конкурентноста на клубот на меѓународна сцена.

 

 

Меѓународни кампови и стручен развој

Во 2025 година членови на клубот учествуваа на повеќе меѓународни џудо кампови и тренинг подготовки во Црна Гора, Словенија, Албанија, Србија и Македонија, вклучително и официјални кампови под покровителство на Европската џудо унија. Овие активности овозможија директен контакт со европската и светска џудо елита и значајна надградба на спортските и стручните капацитети.

 

 

Организација на спортски настани

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп беше технички и организациски носител или ко-организатор на голем број спортски настани, меѓу кои:

  • Меѓународен џудо турнир „Прилеп – Град Херој 2025“, со околу 300 натпреварувачи од 30 клубови и 10 држави, вклучително и учесници од држави надвор од Балканот;
  • Градски турнир за најмлади категории;
  • Официјални викенд подготовки на државни селекции;
  • Учество во организацијата на најголемите европски џудо настани одржани во Македонија во 2025 година, вклучително и европски шампионати, купови и тренинг кампови.

 

 

 

Дополнителни активности и општествен придонес

Клубот реализираше и:

  • Полагања за ученички појаси;
  • Стручни семинари за тренери и судии;
  • Издавање и промоција на стручна литература од областа на џудо спортот;
  • Летни физички подготовки и спортски дружења;
  • Активно учество во хуманитарни акции и општествено одговорни иницијативи.

Повеќе членови на клубот се добитници на државни стипендии и спортски субвенции, а сите спортисти со освоени медали од државни и балкански првенства беа наградени согласно општинските правилници за поддршка на спортот.

Со кратка пауза за време на новогодишните и божиќните празници, Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп веќе ги започнува подготовките за уште поинтензивна и амбициозна натпреварувачка 2026 година, со јасна цел за продолжување на растот и меѓународната афирмација.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми