Уапсен млад прилепчанец кој низ град возел со 101 километри на час

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 28.12.2025 во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(20) од Прилеп.

При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми