Заводот и музеј во Прилеп ја промовираше монографијата 70 години постоење на прилепскиот музеј со наслов „Од артефакт до идентитет, седум децении културна меморија“. Од музејот потенцираа дека оваа монографија е дел од секој прилепчанец, дел од сите вработени во музејот, монографијата која е е едно вистинско културно паметење.
„Во една година успеавме сите колеги заедно кои се автори и коавтори на самите текстови да го изготвиме сето она што го сработивме, што е сработено во изминатите 70 години. Почнавме како народен музеј, а завршивме како национална установа Завод за заштита на спомениците на културата. Нашата идеја и цел е да продолжиме да работиме и да го правдаме нашето знаење и искуство кое го имаме и културното наследство е целата цел за да можеме да ја предадеме на идните генерации, не е целта да го затвориме музејот и да останат артефактите во нашите институции, треба надвор да ги изнесеме и да покажеме колку имаме и со гордост да се пофалиме дека сме горди Македонци, посебно прилепчани“, истакна Мимоза Христоска, директор на Завод и музеј Прилеп.
Без мала скромност може да се каже дека прилепското културно наследство и според квалитетот и според квантитетот е помеѓу првите во Македонија.
„Охридскиот регион секако е пред нас особено во историјата на уметност, но не се делиме, ниту потпаѓаме на пониско ниво од нив во секој случај, и по археологијата, историјата и историјата на уметност. Имаме богато културно наследство и треба да бидеме горди како прилепчани, затоа што културното наследство е дел од нас, кое треба да го проследуваме и цениме“, додаде Додаде Христоска.
Ретки се институциите кои може да се пофалат со 7 децениско постоење, а уште повеќе оние кои се вистинска гордост на Прилеп и негов културен амбасадор насекаде во светот. Музејот во далечната 1955 година го основа д-р Бошко Бабиќ. Денес музејот има 9 објекти или поставки под свое владение, како што се: археолошката поставка, етнолошката, лапидариумот, галерија на икони, поставката за родно-крајно музичко творештво, Музејот 11 Октомври, Спомен домот на Кузман Јосифоски Питу, Спомен домот на Блаже Конески у Музејот за тутун. Прилепскиот музеј и понатаму останува да биде репрезент на Прилеп и сведок за нашето богато културно и историско наследство, каккво што ретко има во светот.