Горивата поскапуваат до 2 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.01.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,854 ден/кг со што малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 32,987 ден/кг.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми