Проданоски во Загреб на Самит на мрежата на балкански градови – Б40: Да го позиционираме Прилеп како модерен, отворен и европски град

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб, каде што заедно со градоначалници и претставници од регионот се разговара за иднината на нашите градови и за улогата на локалната самоуправа како двигател на развојот.

„Во фокусот на нашето учество се решенија што носат реална промена во секојдневието на граѓаните: одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги. Ваквите средби не се само размена на идеи, туку и можност Прилеп јасно да го позиционираме како модерен, отворен и европски град, подготвен да учи, да соработува и да создава нови можности за своите граѓани. Силни градови значат силен Балкан. Продолжуваме одговорно и посветено да работиме за иднината на Прилеп“, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира