ВИДЕО- Не само Балканот, туку и цела Европа ќе има штети доколку во иднина не се реши проблемот со транспортерите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Стопанствениците очекуваат позитивен епилог и решавање на проблемите кои ги имаат балканските транспортерите кои треба да возат низ Европа. Од Регионалната стопанска комора од Прилеп велат дека овој прв штрајк бил најавен и тие подготвени за истиот, со што не претрпеле никакви штети. Но доколку не се реши ситуацијата тоа ни значело крах за државата, која во такви услови би изржала не повеќе од еден месец.

„Превозот е една од клучните алки во делот на производството. Ние сме увозно зависна држава и голем дел од репроматеријалите ги набавуваме од надвор, така да ако не можеме да добиеме репроматеријал за да го оствариме нашето производство, во тој дел сметаме дека ќе застане самото производство, или самото индустриско производство во Македонија“, рече Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

 

„Доколку ние го запреме извозот, самите себе си правиме многу негативни репрекусии од многу аспекти, извозот е основен приход. Но од друга страна не смееме да заборавиме дека во реализацијата на сиот тој извоз, независно дали се работи за услуги или за производи, еве конкретно кај производите транспонтната индустрија има очигледно многу битно и клучно прашање во реализација на тој цел еко систем“, кажа Ирена Јакимоска, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Доколку остане нерешен овој пробелм освен Македонија и Балканските држави, штета ќе има самата Европа токму затоа ваквата ситуација не му одговара никому.

„Исто така дел од набавки кои ги прават, не само по основ на репроматеријали, туку и на готов производ, на поевтин готов производ, Европската Унија ќе има проблем во уделот на доставата во нивните маркети на нивните производи, нашите производи се продаваат на сите континенти“, додаде Мариноски.

 

Географски стратешката наша позиција каде сме поставени е една од најголемите предности и не верувам дека Европа би ги довела своите компании во таква неповолна ситуација, да не забораваме дека во нашата земја имаме многу еминентни странски инвестиции кои произведуваат репроматеријали или соодветни делови за автомобилската индустрија и сигурно дека сопирањето на извозот не е едно од решенијата дефенитивно“, вели Јакимоска.

Сите се надеваат дека превозниците ќе добијат статус како што имаат авиопрезниците и железничкиот транспорт.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми