Американскиот претседател, Доналд Трамп, неодамна присуствуваше на натпревар во американски фудбал во Атланта, помеѓу Универзитетот Џорџија и Универзитетот Алабама, кој ќе остане запаметен по еден интересен куриозитет поврзан со првиот човек на САД.
Имено, она што го забележале сите што ја погледнале снимката од интонацијата на националната химна е дека претседателот на САД не успеа баш најдобро да се снајде со зборовите на химната.