Семејството Беќироски од долненското село Лажани остана без покрив над главата откако утринава околу 3 часот голем пожар до темел ја пеплоса нивната куќа. Во куќата живееле двајца браќа со своите сопруги и децата, вкупно 11 мина.
„Ние спиевме во моментот кога започнал пожарот, а тоа беше околу 3 часот утринава. Огнот го забележал нашиот сосед кој започна да вика и не разбуди со зборовите „Станувајте ќе изгорите“. Се случи многу брзо, куќата изгоре за 20-тина минути, а не знаеме од што настанал огнот. Молиме за помош, ние како браќа со фамилиите живееме само од тутунопроизводство“, рече за Инфо Компас, Алмин Беќироски, еден од сопствениците на куќата.
Контакт телефон: 070708623