Кој не знае да плива, не може да појди на логопед во Прилеп

Веќе подолг период преку 100 родители кои своите деца ги носат на логопед во Прилеп се соочуваат со сериозен проблем, но и предизвик, а тоа е кога врни како безбедни и суви да стасаат до логопедското одделение чиј влез се наоѓа од задната страна на Здравствен дом Прилеп.

Имено, буквално при секој дожд пред одделението се формира една огромна бара, која што нема начин како да се заобиколи за да се стаса до скалите кои водат до влезот.

 

„Секогаш кога врни, а треба да одиме на логопед, морам да ставам чизми, да го кренам детето во раце за да можам да го пренесам преку барата за да не се наводени. Проблемот уште повеќе се зголемува кога е ладно, бидејќи барата замрзнува и целиот простор се претвора во лизгалиште.“, се жали еден родител кој сакаше да остане анонимен.

На сета мака, жителите се смеат дека кој не знае да плива нема да може да го однеси своето дете на логопед во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми