Променливо облачно со дожд и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините

Facebook
Twitter
Email
Print

Во следните денови се очекува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќва во југоисточните делови на земјата се очекуваат врнежи над 20 литри на квадратен метар.

Во петок поинтензивни врнежи од дожд ќе има во крајните западни делови од државава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер.

Од недела се најавува заладување, при што врнежи од снег се очекуваат на планинските предели и во дел од повисоките места во земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира