Бараме да биди како досега. Да си возиме без возачки, а автомобилите ќе ги регистрираме. Како што не носеа со коли и земаа од дома за да седнат во фотелјите сега нека дојдат тука да не слушнат. Со овие барања дел од Ромите од Прилеп го блокираа патот на Плетвар барајќи да не им се одземаат возилата ако немаат возачки дозволи затоа што голем дел од нив не биле писмени и неможеле да извадат возачка. Или пак бараат државата да најде начин да им се даде возачка имаат немаат основно образование. Со автомобилите како штпо велат заработувале пари за да преживеат.
„Како прво, ние имаме сила да купиме кола од 300-400 евра за да одиме по ѓубриња, во измет фаќаме со раце за да заработиме за леб. Сега го донесоа законот за ромската популација, како што сме слаби, да не можеме да заработиме леб. Ми ја зема колата и остануваме дома голи без гаќи.
Но не може да се вози без возачка.
За тоа ние сме против, како што било до пред некој ден, бараме истото да се повтори и тој закон да продолжи, да не ни одземаат коли. Или пак нека ни дадат пропусти за да направиме возачки. Нека ни дадат. Некој нема завршено школо, нека дадат усно прашање, да најдат начин неписмените да можат да положат. Тој можеби не е писмен да чита, но има во глата и е појак од тој со возачка“, рече Фикрет Рамаданоски, од Прилеп.
„Сакаме овој закон да се укини. Тие нормално нека си барата возачка дозвола, но колите да не се одземаат, значи ние од тие коли живееме. Имаме по 4-5 деца, како ќе ги храниме, плаќаме струја и вода, како ќе преживеем“, вели Ерсад Рашидоски од Прилеп.
Протести имаше и во Битола и таму Ромите денеска повторно со блокади и истите барања од вчера.
„Дајте ми некое право да може да ги возиме колите кој што знае да вози. Кој што ќе пие или ќе се дрогира ако го фатат не само колата да му ја земат туку и во затвор нека оди. Сакаме само мир да има, младите деца сега сите знаат да возат, да читаат, ама постарите не знаат, тие што ќе прават“, кажа Сулејман Љатиф, од Битола
„Во нашата држава нема правда овие млади сакаат да јадат. Тие немаат никакво школо. Како ќе ги тестираат тестовите тие немаат школо. Ние со тоа собираме железо, шишиња со тоа се храниме. Со тие таксисти се возиме затоа што македонските таксисти не доаѓаат кај нас“, вели Ајнет Мемишоска, од Битола.
Протести и блокади на патот Прилеп – Битола – Ресен се најавуват и за утре.