ВИДЕО- Прилеп добива Центар за услуги – сите документи сега ќе може да се вадат од едно место

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Прилепчани ќе добијат Центар за услуги сместен во даночното одделение, наспроти зградата на општина Прилеп, каде што граѓаните од само еден шалтер ќе може да ги вадат сите документи кои што им се потребни.

„Обезбедивме да отвориме Центар за услуги во Прилеп сместен непосредно спроти Општината во просториите на сегашното Даночно оддление. Идејата на градоначалникот бешпе тука да ја поставиме и канцеларијата на Министерството за дигитална трансформација. Сите услуги кои се нудат на националниот портал Е-услуги, сите граѓани на Прилеп без да отвораат свој профил може да го посетат Центарот и таму нашите вработени да отворат профил за нив и да добија било која услуга. Прилеп е сега на мапата на 14-те градови низ Македонија каде што граѓаните може да добијат услуги да имаат дома дигитална алатка или без да го познаваат порталот“, истакна Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

„Се зафативме и ветивме еден проект кој што значи подобрување на квалитетот на живот и намалување на гужвата и редиците кои ги имаат институциите кои издаваат документи. Порталот Е услуги сега и на лице место од денеска почнува да работи. Ние би направиле увид уште еден. Еве јавно упатувам покана до Министерот уште еднаш да дојде чисто за да ги презентираме алатките за да дојдат поблиску до граѓаните“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира