Учениците од ООУ Кочо Рацин од Прилеп, се едуцираа за придобивките од медот и пчелните производи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп беше реализирана посета од Пчеларското здружение „Братство“. Учениците од второ одделение имаа можност да се запознаат со светот на пчелите, пчеларството и важната улога што пчелите ја имаат во природата.

Посебна чест и инспирација беше присуството на најстариот пчелар, 94-годишниот Стојко Бучковски, кој со своето огромно искуство, мудрост и љубов кон пчелите ги воодушеви нашите најмлади.

„Голема благодарност до директорката Јулијана Тренкоска, како и до наставничките и наставникот Весна Мегленска, Сузана Бошеска, Виолета Илиеска и Благојче Ристески, кои го поддржаа и овозможија овој едукативен настан. Ваквите средби се важен чекор во градењето еколошка свест и љубов кон природата кај децата“, велат од Пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми