Лишен од слобода прилепчанец за бесправно исечени дрва

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 24.03.2026 околу 22:30 часот на место викано „Маркова чешма“ во реонот на с.Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Jуг во кoординација со СВР Битола – ОВР Прилеп го лишија од слобода О.С.(33) од Прилеп. При контрола на патничко моторно возило „форд мондео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени огревни дрва за кои не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и се предадени на Шумска полиција.

По преземени дополнителни мерки, во 22:50 часот во реонот на превој Плетвар полициските службеници пронајдоа и патничко возило „сааб“ со швајцарски национални ознаки без возач, во кое, исто така, биле пронајдени огревни дрва. И ова возило со дрвата е предадено на Шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми