На 25.03.2026 во 20:30 часот на ул.„Мечкин Камен” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Д.Т.(38) и З.Р.(46), двајцата од Прилеп.
Полициските службеници сопреле патничко возило „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Т., при што кај сопатникот З.Р. е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.