Жител на с. Десово од возило фрлил пушка додека бегал од полицијата

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(39) од с.Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот, но тој продолжил со движење, при што неговиот совозач од возилото фрлил ловечка пушка, која е пронајдена и одземена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира