На трети април 2026 од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,,Од утопија до ентропја 83/26,, од уметникот Златко Крстевски, на која ќе бидат претставени 30 слики масло на платно.Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Изложбата е пресек на согледување и преиспитување на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними. Од надреални утописки форми до деструкција, уништување на природата… Визуелно согледување на климатските промени како културни промени.
„Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото денес и претставуваат фундаметнален политички, економски, еколошки и социо-културен предизвик, што ги засегнува сите. Ние мора да реагираме сега, заедно и на поинаков начин. Секој од нас мора да го преиспита начинот на кој живее, пто конзумира и да размислиме каков свет сакаме да оставиме за нашите идни поколенија.
На национално ниво, креаторите на политики треба да изнајдат начини за промовирање на одржлив економски развој, кој ќе помогне во креаирање на работни места и истовремено ќе придоенсе за редуцирање на емисиите на јаглерод диоксид. И на глобално ниво меѓународните лидери треба да се согласат на праведна, ефективна и амбициозна рамка за значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Во суштина, климатските промени повикуваат на културни промени. Тоа е главна тема на оваа изложба. Преку своите дела охрабрувам да развиеме нова свест и да го промениме начинот на кој се согледуваме себе си и светот. Покрај зголемувањето на свесноста и поттикнувањето дебата, исто така повикувам да реагираме. Навидум, климатските промени се проблем на иднината, но иднината се оформува во сегашноста. Затоа, сите ние треба да реагираме сега“, вели уметникот.
Златко Крстевски покрај со сликарството се занимава и со авторски стрип, карикатура, мејл-арт. Учесник е на сликарски колонии, симпозиуми, изложувал во Полска, Тунис, Турција, Словенија, Украина, Србија и други. Добитник е на меѓународни награди за сликарство во Тунис, Кореја, Словенија, додека за цртеж во Кина, Турција, Кореја…