Учениците од ООУ Блаже Конески од Прилеп од IV-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа Денот на планетата земја 22 април.
„22 април е празничен ден на планетата земја и е роденден! Денес сите треба да размислиме за своето однесување, бидејќи, малите дела, прават големи разлики! Не фрлајте отпадоци, садете дрвја, чувајте ја водата, природата, рециклирајте! Ако сите се грижиме за планетата земја, таа ќе биде убав дом за сите нас! Секое наше дело остава траг! Денес и секој ден, нека не води принципот: „Почит за природата, грижа за луѓето“, порачуваат учениците од IV-3 одделение од ООУ Блаже Конески Прилеп.