ВИДЕО- Николоски: Ќе го вратиме железничкиот карго сообраќај во Прилеп


Сериозно работиме на ревитализација на железницата. Денес имавме состанок со најголемите компании од градот Прилеп и разговаравме повторно карго сообраќајот да се врати во Прилеп, што ќе значи многу поевтин начин за транспорт на компаниите и ќе значи повеќе работни места, изјави денеска во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, при надзорот на изведбата на работите на улиата Кеј 1 Мај.

„Тоа е нешто што во минатото функционирало и за жал во моментот не функционира од причини што Железница беше долго, долго време девастирана. Направивме оперативен план кој во следните 6 месеци до 1 година да го реализираме целосно и целосно да ја заживееме железницата, тоа многу ќе помогне и за екологијата со тоа што ќе се намали камионскиот сообраќај, но исто така ќе помогне и да се заштитат големите инфраструктурни проекти кои ги градиме. Знаете дека се изгради експресен пат Градско – Дреново – Фариш, ќе работиме во следниот период на потегот Фариш – Прилеп, се работи и автопатот од Прилеп до Битола, поентата е нив да ги зачуваме, а не да ги уништуваме. Доколку можеме робата која најмногу оптеретува, дали од мермерните комбинати, големите производствени капацитети во градот да се носи со воз, тоа ќе значи нови работни места, ни исто така ќе значи и зачувување на инфраструктурата“, додаде Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира