ВИДЕО – Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници – „Кај Чумовчани“, „кај Интернатот“ и „Нова автобуска“


Општина Прилеп започна со мерење на протокот на сообраќај на повеќе крстоници во градот со помош на дронови со што ќе се утврди точно кои мерки и како треба да бидат презмени на тие критични точки каде сообраќајот се одвива отежнато во текот на шпицот или ударниот час на денот.

Измеривме неколку крстосници каде има сериозно загушување на сообраќајот и со бројките кои ќе ги преброи софтверот на технички факултет, ќе ни даде најсоодветно решавање на тие критички точки кои ги имаме во градот. Со тоа директно би ја подобриле безбедноста на сообраќајот. Имаме детектирано и други крстосници каде се вози со зголемена брзина на движење, тука одиме на иновативна техника, односно на стеснување визурата и промена на текстурата на коловозот“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Изработката  на сообраќајна студија за Прилеп ќе потрае неколку години и истата ќе биде вклопена во новиот ГУП. Најкритични точки се крстосниците кај Чумовчани, крстосницата кај новата автобуска и крстосницата кај Интернатот. Најбрзо би се започнало со решавање на проблемот на крстосницата кај новата автобуска.

 Најпрво би ја разгледувале и би барале мислење од технички факултет за крстосницата кај новата автобуска станица, затоа што во шпицните часови таму невозможно е без чекање на 15-20 минути да се помине таа крстосница. Бараме решение, предложивме ние какво размислување имаме, но бројките ќе го дадат конкретното решение, затоа што има параметри како се уредува една крстосница. Горниот праг е 1.200 возила на час за да биде кружен тек, а ако ги надминеме тие параметри, а согласно моето скромно искуство би ги надминале, тогаш ќе бараме понуда на друго решение“, додаде Проданоски.

До крајот на мај треба да се уреди крстоницата кај Интернатот, а испитувањата треба да кажат дали крстносницата „кај Чумовчани“ ќе остане семафоризирана или ќе се гради кружен тек.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира