Нови заплени на Шумската полиција од Прилеп – одземени шпедитери и нелегални дрва на повеќе локации


Шумската полиција од Прилеп – продолжува со интензивни контроли и во раните утрински и ноќните часови, со цел спречување на бесправната сеча и нелегалниот транспорт на огревно дрво.

Утрово (05.05.2026 година) околу 05:00 часот, во атарот на с. Крстец кај „Пештерата“, одземени се два шпедитери натоварени со вкупно околу 2,5 м³ зелени дабови огревни дрва од лица кои вршеле бесправен превоз.

 

 

 

 

Вчера (04.05.2026 година) околу 19:00 часот, кај место викано „Заполшки мост“, пронајдени се и одземени околу 1 м³ лескови и врбови огревни дрва бесправно складирани.

Претходно, на 01.05.2026 година, во атарот на с. Ропотово, одземен е еден шпедитер натоварен со околу 1,5 м³ огревни дрва.

Сите дрва и средства се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – , а против лицата се поднесени соодветни пријави согласно закон.

Апел од Шумската полиција – Прилеп: Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат бесправна сеча, транспорт и складирање на огревни дрва. Само заедно можеме ефикасно да ги спречиме незаконските активности и да го заштитиме шумското богатство.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира