Во ОВР Прилеп денеска беше одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција. Полициската станива во Прилеп ја посетија различни групи на граѓани, како и најмладите, пред кои беше презентирана дел од опремата со која располага полицијата во Прилеп.
„Македонската полиција е еден од најважните столбови за стабилно и безбедно општество во Република Македонија. Нивната одговорност и служба кон граѓаните заслужуваат почит и поддршка, затоа што токму преку заедничка соработка, доверба и меѓусебно почитување создаваме посигурна иднина за сите. Како Локална самоуправа, и понатаму ќе продолжиме да градиме партнерски однос со ОВР Прилеп, во интерес на безбеден, мирен и стабилен град во кој нашите деца ќе растат спокојно и безгрижно“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, при денешната посета на оваа установа.