Денеска повторно, по кој знае кој пат, се чистеше дивата депонија кон Вештачкото езеро. И повторно за тоа се трошеа народни пари од совесните даночни обврзни, а оние несовесните граѓани утре повторно сметот ќе го одлагаат таму. Овие пари може да се употребат за сосема други проекти ако ова ѓубре не е фрлено тука.
Што е уште потрагично не само физички лица, таму отпад одлагаат и градежни компании, и голем број други празвни лица. Досега во Прилеп немало пишано казна за нелегално одлагање на отпад од ниту еден орган. Зошто е тоа така засега нема одговор.
Последен пат оваа депонија беше исчистена на 15 ноември 2025 година, со Еко акцијата организирана од страна на Општина Прилеп и Јавното претпријатие, таа денеска изгледа разочарувачки.
Директорот на ЈКП Комуналец – Прилеп, Љубиша Јовановски, со апел преку медиумите да проработи свеста и совеста кон животната средина, а парите кои беспотребно се трошат само за чистење да се пренаменат во материјални добра за сите граѓани.
„За годинава општината има одвоено буџет од 4.200.000,оо денари, исклучиво за чистење на диви депонии. Верувам дека граѓаните, а посебно градежните фирми ќе покажат разбирање, и секој отпад кои самоиницијативно го одложуваат, а не припаѓа во категоријата комунален отпад ќе го одложат во депонијата во Алинци, каде за граѓаните влезот е слободен, со работно време до 15 часот. Неразбирливо е во 21 век, кога светските организации укажуваат секојдневно на последиците од неправилното третирање на отпадот, ние како граѓани да сме имуни и сеуште да поставуваме со отпадот на своја рака, потенцираше Јованоски.
Од Комуналец потенцираа дека за било кој отпад можат да изнајмат контејнер од 5м3 по цена од 1360 денари, или трактор по цена од симболични 620 денари. За габаритниот отпад јавното претпријатие има воведено бесплатна линија секој четврток и петок со претходно пријавување на тел: 048/ 428 992.