Во време кога поголемиот дел од слободното време го минуваме пред екран, едно класично хоби тивко доживува препород, како во светот, така и кај нас. За време на пандемијата во 2020 година, продажбата на сложувалки скокна над 300%, и наместо да падне назад на старите нивоа, остана стабилно покачена. Според податоците на Statista, глобалниот пазар во 2025 година надминува 3 милијарди долари, со проектиран годишен раст од 3,38% до 2029 година – тренд што се чувствува и кај македонскиот купувач.
Slozuvalki, нова онлајн продавница со каталог од над 1.000 сложувалки, потврдува дека интересот доаѓа од сите возрасти, од родители кои бараат активност за децата без таблет, преку возрасни кои сложувалките ги користат како начин за релаксација и фокус, па сè до колекционери на дрвени и 3D метални модели. Психолозите одамна ги препорачуваат сложувалките како вежба за концентрација, трпеливост и просторна логика.
Понудата денес е далеку поголема за разлика кога беа само класичните сложувалки од 1.000 парчиња што многумина ги паметат од детство. На пазарот се достапни класични сложувалки од 100 до 2.000+ парчиња, дрвени сложувалки со уникатни форми, 3D модели од метал, дрво и пластика, едукативни и логички игри, како и посебни сложувалки за бебиња и деца од 3 до 12 години. Тематски, најпопуларни се сложувалките со природа, животни, градови, мапи и уметност, а растечки тренд се сложувалките за подарок. А наскоро ќе има и голем избор на сложувалки со македонски туристички атракции и мотиви, како на пример, сложувалка со Канео, Матка, Охрид и други знаменитости.
На веб страната исто така ќе најдете и цела категорија додатоци – рамки за сложувалки, лепак за сложувалки, подлоги и кутии за сортирање.
Огромната понуда на сложувалки и уште поголемата заинтересираност за купување што ги има на Сложувалки.мк, се јасен знак дека Македонија го следи светскиот тренд и дека сложувалката повторно го наоѓа своето место на масата, во домот и во срцето на секое семејство. Зашто некои работи едноставно никогаш не застаруваат само чекаат вистинскиот момент да се состават повторно, парче по парче.