Прилепскиот уметник Михаил Паскоски ја подготви својата прва самостојна изложба што ќе се одржи во Прилеп, под името „Карпи, мегалити“.
Изложбата е во чест на прилепските карпи кои се најубавите скулптури на градот. Целта на проектот е да заборавиме на дневните социјални и политички проблеми и да се насочиме кон природата како најевтин психолог. Ова е изложба на графички дела со еден мал современ пристап со тоа што се одржува на отворено под Марковите кули кај карпата „Слонче“.
Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство и завршува основно и средно образование. Дипломирал 2024 год. на катедра по Графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По завршувањето на неговите студии работи како стручен соработник/ демонстратор на Факултетот за ликовни уметности – Скопје од 2024 година. Има учествувано на повеќе групни изложби, а следува и неговата прва самостојна изложба на 17 ти мај оваа година.
Групни изложби:
2025 Ex Libris – Киц, Скопје;
2025 Нити, Нишки, Threds – Галерија Флу, Белград;
2025 Музеј на прашина – Двор, спомен куќа на Лазар Личеноски, Скопје;
2024 Помеѓу природата и активизмот – Галерија Флу, Скопје;
2024 Графичко триенале 5 – Киц, Скопје;
2023 Завршна изложба Графичка Работилница „Софија“ – Културен дом „Бране Петрушев, Богданци;
2023 Те гледам!… Поинаку… – Офицерски дом, Гевгелија;
2023 Професори + студенти – Мкц, Скопје;
2023 Чаршијата: Галерија на занает и уметност – Стара скопска чаршија;
2022 Apotheosis of labour – Спомен куќа Лазар Личеноски, Скопје;
2022 ДЛУП Годишна изложба – Галерија „Марко Цепенков“, Прилеп.