ВИДЕО- Запишете се во СОУ „Ѓорче Петров’ – Прилеп и одберете една од професиите на иднината

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп денеска имаше отворен ден и пред деветтоодделенците ги претстави своите професии. Нивното мото како училиште е „Денес ученик, утре стручњак“.

„За наредната учебна година, 2026/2027 година, во СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп ќе се запишат 264 ученици во 4 струки, распределени во 8 паралелки, од кои 4 паралелки во секторот „здравство и социјална заштита“ каде има место за 136 ученици, со профилите медицинска сестра 2 паралелки и по 1 паралелка фармацефтски техничар и физиотерапефтски техничар. Во секторот  „лични и други услуги“ ќе запишеме 68 ученици, од кои 34 во профилот „техничар за козметичка нега и убавина“ и 34 во профилот „фризер“ кој е единствен во нашево училиште од 3 годишно траење. Во секторот „текстил, кожа и слични производи“ ќе запишеме 25 ученици во 1 паралелка, тоа е дуална паралелка со зголемен обем на часови во практична настава и учење преку работа кај работодавач. Од ист таков тип е и профилот „општ рударски техничар“ во секторот геологија, рударство и металургија, каде ќе запишеме исто така 25 ученици. Мотото на нашето училиште е денес ученик, утре стручњак, така што мојата порака до идните наши ученици е дека стручноста е на прво место, иднината на младите е во стручното образование“, истакна Жанета Видевска, директорка на СОУ Ѓорче Петров Прилеп.

Овој штанд ја претставува струката „фармацевтски техничар“ во СОУ „Ѓорче Петров“. Добра струка, ја бараат децата и треба да се запишат, затоа што со добивање на дипломата со овој смер добиваат диплома каде можат веднаш да се вработат, значи ученици кои не продолжуваат во високото образование можат веднаш да работат во аптеките, лабораториите итн. Децата ја сакаат оваа професија, затоа што освен што имаат практична настава во нашето училиште, во лабораторијата, имаат практична настава и во аптеките, имаме склучено договори и меморандуми за соработка со различни аптеки“, велат професорите од фармацевтската струка.

 

Сакам да кажам дека оваа струка е многу добра што има практична и теоретска настава. Практичната настава се одвива во лабораторија и аптека, во лабораторијата се прават разни експерименти по фармацефтска хемија, аналитичка хемија, биохемија. Исто така изработуваме и масти, сапуни итн. Практичната настава се одвива и во аптека каде ги изучуваме лековите, тоа е исто многу интересно. Ние како ученици многу сме задовилни овие 4 години, јас сум веќе матурант и многу ми е мило дека ги запознав и стручните професори, тие се многу супер, така да ако сакате да се запишете треба да имате 70 поени и ви посакувам среќа“, додаде Ивана Богоевска, профил фармацевтски техничар.

 

 

Физиотерапефтски техничар е една благородна професија која директно придонесува во подобрување на здравјето на пациентите, како и во процесот на рехабилитација при различни повреди, хронични заболувања и слично. Имаме голема заинтересираност за запишување во оваа струка, односно конкретно во физиотерапефтскиот профил, потрени минимум поени за запишување се 70, притоа важно е да нагласиме дека овие поени во вториот и третиот уписен рок не се намалуваат, значи остануваат 70 поени. Учениците имаат можност да се стекнат со квалитетно образование кое што претставува еден спој помеѓу теорија и практични вештини, во добро опремени кабинети каде ги имаме сите потребни средства за работа, препарати, апаратура“, рече Никифор Велкоски, доктор по општа медицина и професор по стручни предмети во здравствена струка во физиотерапевтскиот профил.

 

Ние како ученици во оваа струка, теоретски ги обработуваме сите техники на масажа и потоа практично ги изведуваме и понатаму се обучуваме за како што говори нашето училишно мото, „денес ученик, утре стручњак“. Предоноста на нашето училиште, или зошто еден деветтооделенец би сакал да се запиши овде е затоа што би се стекнал со знаења кои би му помогнале да се пронајде во светот на медицината и ќе стекне и вештини кои ќе му помогнат во понатамошниот професионален живот“, истакна Леонид Петрески, ученик во СОУ Ѓорче Петров, физиотерапевтски техничар.

 

 

Профилот од здравствена струка – медицинска сестра, за запишување потребно е 70 поени, запишуваме 68 ученици во 2 паралелки. Училиштето е добро опремено со кабинет каде се изведува практичната настава за учениците во 2 година, а практичната настава во 3 и 4 година учениците ја обавуваат во Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп, во градинки, во приватни здравствени амбуланти, каде учениците обавуваат учење преку работа кај работодавач, а воедно имаат можност да учат и работат во реални услови“, изјави Наташа Ванчева, професор по практична настава, здравствена струка, профил медицинска сестра.

 

Според мене учениците треба да се запишат на оваа струка поради искуството кое го стекнуваме со практичната работа во болницата, бидејќи се сретнуваме со различни ситуации со кои претходно не сме се запознале во текот на нашиот живот и сето тоа влијае врз начинот на кој гледаме врз здравјето, животот, како и подобро запознавање со емпатијата. Исто така, за теоријата односнот професор – ученик е многу добар и сум многу задоволна затоа што професорите секогаш се тука за нас и ни се како другари, може да ги прашаме нешто што не ни е јасно било кога и тоа е моето мислење. За моите очекувања, немав никакви очекувања, не бев спремна за нештата и ситуациите со кои ќе се соочам на болница, па мислам дека тоа е и подобро, кога сме без некакви очекувања и сум многу позитивно изненадена“, рече Марија Јовеска, ученичка во здравствена струка, профил медицинска сестра.

 

„Лични услуги“ подразбира 2 профили, техничар за козметичка нега и убавина со 4 годишно траење и фризер со 3 годишно траење. Ова е една атрактивна струка која денес се повеќе се цени, напредува во секое поле. Учениците во нашето училиште следат голем број на техники за работа, нови козметички третмани, посетуваат козмечки салони и соработуваме со козметичките салони во градов. Еден од нив е и студиото „Галакси“, чиј претставник е мојата колешка Тања Димеска“, вели професорка од струката лични услуги.

 

Јас сум сопственик на козметичко студио „Галакси“ кое за многу кратко време прерасна и во Центар за обука, нега и убавина, каде имаме сертифицирани програми. Голем дел од учениците посетуваат и феријална пракса и задолжителна пракса еднаш неделно во нашето студио. Имаме и дел ученици кои останаа да бидат и вработени во нашето студио, што претставува особена чест за мене и благодарам на училиштето што ми ја има дадено целосната доверба во смисла помагање на практичната настава на оваа струка, која можам слободно да кажам дека е доходовен занает кој е во подем“,

 

Искрено можам да кажам дека оваа е една од најубавите професии што може да биде, фризерството не е само за стрижење коса и кратење, туку да се направи клиентот задоволен, да биде самоуверен, да си ја покажеме нашата креативност и уметност како да стрижеме коса. Имаме практична настава еднаш неделно во прва година, во втора и трета по 2 пати неделно. Преку летото имаме практична настава кај одредени фризери и бербери за да ги усовршиме нашите вештини за стрижење. Има слога меѓу учениците и професорите. Мојот план е понатаму да имам свој бизнис, да отворам мое место за стрижење, да бидам успешен“, сопственичка на студио за убавина.

 

„Јас упатувам на идните деветтооделенци дека ова не е само занает, туку моќна комбинација на науката, уметноста и грижата за здравјето. Тука не изучуваме само како некој да изгледа поубаво, туку и како да ја вратиме самодовербата и сјајот кај секој клиент.  После завршувањето на средното образование имате сигурна работа каде можете да бидете и сопствен газда. Станете експерти во вашите вештини и знаења, каде светот може да изгледа многу поубав. За оваа струка се потребни 45 поени“, вели Теодора Димеска, техничар за козметичка нега и убавина.

 

Искрено можам да кажам дека оваа е една од најубавите професии што може да биде, фризерството не е само за стрижење коса и кратење, туку да се направи клиентот задоволен, да биде самоуверен, да си ја покажеме нашата креативност и уметност како да стрижеме коса. Имаме практична настава еднаш неделно во прва година, во втора и трета по 2 пати неделно. Преку летото имаме практична настава кај одредени фризери и бербери за да ги усовршиме нашите вештини за стрижење. Има слога меѓу учениците и професорите. Мојот план е понатаму да имам свој бизнис, да отворам мое место за стрижење, да бидам успешен“, додаде“, вели Димитар Кочоски, ученик во фризерската струка.

 

„Здраво, јас сум Захида од втора пет и сум фризер. Сакам да ве поттикнам во оваа струка, бидејќи нашата цел е секој клиент да биде задоволен со неговиот изглед. Нас нашиот фризерски салон ни служи за нашата пракса и тој што сака и тој што е заинтересиран може слободно да дојди, ние ќе му објасниме како одат нашите процедури“, додаваат уште две ученички од овој фризерски профил.

  

Сектор „текстил, кожа и слични производи“, профил техничар за изработка на облека, секој ученик кој ќе се запише на оваа струка има можност да си го надогради својот талент преку цртање, скицирање, моделирање и на крај до еден готов производ. Оваа струка нуди многу можности, од работа во индустрија, до сопствен бизнис. Креативноста на секој од учениците кој ќе се запише во оваа струка е од голема предност, значи ова е струка која се гледа, струка со дуална паралелка во нашето училиште, што значи дека секој ученик кој ќе се запише во оваа паралелка е помогнат со месечна стипендија во текот на образованието од МОН во вредност од 3.500 денари. Дуална паралелка значи дека учениците имаат повеќе практична настава, помалку теорија, односно 2 дена во неделата се со практична настава, а другите денови теорија. Исто така нашата струка е помогната со компании од градот, имаме претставник од компанијата каде учениците си ги доусовршуваат своите вештини за работа“, кажа Наташа Мирческа, професорка по струлни предмети во „Сектор „текстил, кожа и слични производи“.

 

Ние како компанија „Комфи Ангел“ секогаш сме отворени за соработка да ја поддржиме текстилната струка во ова училиште и им помагаме на учениците своите теоретски вештини да ги усовршат практично кај нас. После нивното завршување им даваме можност да се вработат во нашата компанија“, истакна Маја Петроски, претставничка на компанијата Комфи Ангел.

 

Ги повикуваме сите деветтооделенци да се запишат во оваа струка, бидејќи оваа струка е многу креативна, поврзана со многу модни настани кои исто така се случуваат и во ова училиште. Во оваа струка креираме, дизајнираме, имаме многу креативни работи како модна ревија која ја одржуваме секогаш на крајот на учебната година“, велат учениците од оваа струка.

 

Нашата струка нуди еден профил, биолошко-рударски техничар, тој профил е со траење од 4 години, минимум поени се потребни 45. Битно е да напоменеме дека таа е дуална паралелка, што значи зголемен е бројот на практична настава на часовите во однос на теоријата и учениците што се запишуваат во тој профил имаат можност да се стекнат со стипендија од 3.500 денари. Практичната настава се одвива во дел од просториите во училиштето и поголем дел во „Фимар Балкан“, значи во реномирана компанија, која е многу спремна за понатамошна соработка со учениците кои завршуваат во оваа струка, доколку се тие заинтересирани. Сами знаеме дека струката е дефицитарна, учениците кои завршуваат имаат широк спектар да се вработат и во таа компанија и во други, а како што напоменав е доста платена“, истакна Мартин Петрески, професор по струлни предмети во геолошко рударска и металуршка струка.

 

Струката е доста лесна и е дуална паралелка, држиме практична настава во „Фимар Балкан“. Работата таму е целосно механизирана, нема рачна работа. Оваа паралелка беше атрактивна бидејќи сум љубител на машините и на природата. По завршувањето на средното училиште останувам во Прилеп и се вработувам во „Фимар Балкан“, вели Марјан Силјаноски, ученик во геолошко рударски техничар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци